Елиса Санчес, позната актерка од филмовите за возрасни, беше фатална за тројца млади фудбалери кои решија да се фотографираат со неа. Тројца играчи од младинскиот тим на бразилскиот клуб Атлетико Гојаниенсе споделија фотографија на која позираа насмеани покрај Елиса Санчез.

Кратко потоа, момчињата беа отпуштени, иако клубот тврди дека тоа е „поради недисциплина и слаб настап“, но јасно е дека не им се допаднало она што го направиле младите момци.

  • Отказот на играчите беше врз основа на критериуми за технички перформанси, објасни клубот, додавајќи дека покрај тројцата млади момци на фотографијата, уште тројца играчи беа отпуштени од тимот до 17 години, кој е во зоната за испаѓање на Бразилеирао до 17 години (три бода во 16 натпревари).

Инаку, Елиса Санчес неодамна призна дека сонува да ја остави порнографијата зад себе и да стане фудбалски судија.

  • Тоа отсекогаш ми беше сон од детството, но животот ме натера да заборавам. Решив дека оваа година ќе аплицирам и конечно ќе го започнам курсот за фудбалски судии.

ИЗДВОЕНИ