Поранешниот принц Ендру обвинет дека „се криел“ од барањето да сведочи во случајот Епштајн

26
EPA/NEIL HALL

Конгресмен кој го истражува случајот со Џефри Епштајн, го обвини поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор дека „се криел“ од барањето на комисијата за изјава под заклетва, додека Конгресот се приближува кон клучно гласање за тоа дали да се наложи објавување на документи од американската влада поврзани со починатиот милионер педофил.

Сухас Субраманијан е меѓу демократските членови на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом кои претходно овој месец го замолија Ендру Маунтбатен-Виндзор да сведочи како дел од истрагата за начинот на кој владата го води случајот против Епштајн, кој почина додека чекаше судење во 2019 година.

Ендрју, кому кралот Чарлс му ја одзеде кралската титула поради загриженост за неговото пријателство со Епштајн и тврдењето за сексуален напад од Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека Епштајн ја подведувал, не одговори на барањето, рече Субраманијам.

„Ендрју Маунтбатен-Виндзор се криеше од нас и мислам дека ќе продолжи да се крие од луѓето кои спроведуваат значајна истрага за овој случај“, изјави Субраманијам за Гардијан.

Барањето од демократското малцинство во комитетот дојде откако британскиот министер за трговија Крис Брајант рече дека Ендрју Маунтбатен-Виндзор „како и секој обичен граѓанин“ треба да ги почитува барањата на американските пратеници да сведочи.

Конгресменот зборуваше неколку дена откако републиканскиот лидер на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом објави повеќе од 20.000 е-пораки добиени од имотот на Епштајн, кои ги откриваат неговите контакти со Доналд Трамп и други моќни личности низ целиот свет. Меѓу откритијата во документите е дека поранешниот принц Ендрју останал во контакт со покојниот финансиер подолго отколку што се знаеше претходно.

ИЗДВОЕНИ