Поранешниот претседател на Албанија Илир Мета денеска е официјално обвинет за корупција, перење пари, затајување на данок и криење имот од власта, изјави неговиот адвокат.
Адвокатот Кујтим Чакарани за новинарите изјави дека обвинувањата на сметка на Мета се изнесени во извештајот на антикоруцисите обвинитеи, кој има 192 страници.
Обивинетелите се дел од Специјална структура против корупција и организиран криминал, задолжени за случаи во кои се вклучени високи политички и државни функционери.
Мета, 56-годишен основа на левата Слободарска партија кој беше уапсен во октомври минатата година, напиша на Фејсбук дека „едвај го чека почетокот на судење кој ќе му покаже на светот дека Специјалната структура е марионета на премиерот Еди Рама“ и негова „оперативна група против опозицијата“.
Социјалистичката партија на Рама оствари убедлива победа на парламентарните избори на 11 мај годинава, освојувајќи 83 од 140 места во парламентот.
На Мета, кој беше претеседател на Албанија од 2017 до 2022 година, му се заканувак казна од 12 години затвор ако биде прогласен за виновен.
За исти кривични дела се обвинети и неговата поранешна сопруга Моника Киемади, пратеничка и некогашна лидерка на Слободарската партија. Уште две лица поврани со тој случај се обвинети за перење пари и корупција.
Мета ги извршуваше речиси сите високи функции во посткомунистчка Албанија – беше пратеник, министер за надворешни работи, министер за економија, трговија и енергетика, потпретседател на владата, премиер, претседател на парламетот и шеф на државата.
Обвинителите го обвинуваат Мета за злоупотреба на својата моќ како министер за економија, трговија и енергетика за да влијае на разни зделки во кои тој и Криемади добиле големи суми пари. Покрај тоа, Мета не успеал да објасни потеклото на околу 460.000 долари што ги користел за лобирање во Соединетите Американски Држави. И Мета и Криемади се обвинети и за купување недвижен имот со нелегално стекнати пари.
Албанија, која минатата година ги започна преговорите за членство со Европската Унија, во посткомунистичката ера е погодена од корупција што го поткопа нејзиниот демократски, економски и социјален развој.
Судските институции, создадени со поддршка на ЕУ и Соединетите Американски Држави, започнаа неколку истраги против поранешни високи владини функционери под сомнение за корупција.
Поранешниот премиер и претседател Сали Бериша, кој сега е пратеник и лидер на главната опозициска Демократска партија, исто така е обвинет за корупција и чека судење.