Калин Ѓорѓеску, контроверзниот крајнодесничарски популист чие учество на романските претседателски избори минатата година доведе до поништување на изборите во земјата, објави дека го напушта политичкиот живот, пренесува „Бета“.
Ѓорѓеску го наруши романскиот политички пејзаж во ноември минатата година кога се кандидираше како независен кандидат на претседателските избори и неочекувано победи во првиот круг од изборите, надминувајќи го актуелниот романски премиер во трката.
„Избирам да станам пасивен набљудувач на јавниот и општествениот живот, изјави 63-годишниот Ѓорѓеску во видео порака објавена доцна синоќа. „Избирам да останам надвор од каква било структура на политичка партија… не сум поврзам со ниту една политичка група, на каков било начин“, рече тој.
Иако тврдеше дека не направил ништо противзаконско, на Ѓорѓеску му беше забрането учество во повторените претседателски избори во мај годинава, на кои победи проевропскиот кандидат Никушол Дан.
Njegova pobeda na prošlogodišnjem haotičnom izbornom ciklusu, predstavljala je šok za rumunski politički establišment. Takođe je uticala na to da se mnogi posmatrači pitaju kako su lokalne ankete procenjivale da će on biti plasiran iza najmanje pet drugih kandidata.
Претходно годинава илјаднции демонстранти излегоа на улиците на Букурешт во знак на поддршка на Ѓорѓеску кој го зајакна својот статус како прогонет анитисемитски кандидат, критичар на корумпираната политичка класа.
„Длабоко разбирам низ што минаа многумина од вас – страдавте, малтретирани сте, понижувани, направена ви е неправда и маргинализирани сте“, рече Ѓорѓеску денеска. Тој додаде дека би можел да се врати во политиката ако „се појави сериозна можност која би можела да донесе вистинска корист за Романија и романскиот народ“.