Поранешниот британски амбасадор во Вашингтон, Питер Манделсон, ќе го напушти Домот на лордовите на Велика Британија по новите откритија за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, објави денес „Политико“.
Објавата на Манделсон дојде неколку часа откако канцеларијата на премиерот Кир Стармер соопшти дека ќе биде изготвен закон за да му се одземе правото да седи во Домот на лордовите „што е можно поскоро“.
Даунинг стрит, исто така, соопшти дека информациите биле доставени до полицијата откако неодамна објавените досиеја на Министерството за правда на САД за Епштајн покажаа дека Манделсон споделувал доверливи владини документи со осрамотениот финансиер.












