Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е прогласен за виновен за заговор за воен удар за да остане на власт по неговиот пораз на изборите во 2022 година. Мнозинството од тројца од петте судии на Врховниот суд пресуди дека 70-годишниот Болсонаро заговорил против неговиот левичарски ривал, Луиз Инасио Лула да Силва, објави BBC News.
Според пресудата, иако заговорот не успеал да обезбеди доволна воена поддршка за негово спроведување, тој кулминирал со насилен напад врз владини згради од страна на поддржувачите на Болсонаро на 8 јануари 2023 година. Еден судија гласаше за ослободителна пресуда, додека гласањето на последниот сè уште се чека, но мнозинството веќе е формирано.
Одлуката е донесена откако судијката Кармен Лусија го даде својот глас, прогласувајќи го Болсонаро за виновен по сите пет точки. Тие вклучуваат обид за државен удар, водење вооружена криминална организација, обид за насилно соборување на демократското владеење на правото и две обвиненија поврзани со оштетување на имот за време на немирите во Бразилија.
Поранешниот претседател сега се соочува со децении затвор, а изрекувањето на пресудата е закажано за петок.