За него “сиромав татко не ја дава“! Работите со “Ѕвездите на Гранд“ не му одеа секогаш најдобро. По некое време тргнаа во многу лоша насока. Темелков сметаше дека жири комисијата неправедно го остави без гласови. Демонстративно го напушти шоуто и потоа во радио-емисијата “Ти реков, ми рече“ ја обвини продукцијата дека му барале мито за да помине во следниот круг. Наводно продукцијата преку своите ментори барале во неговиот случај 20.000 евра!
“За мене сиромав татко не ја дава“ така е тоа па, мора да се станува “Бегалка“ за оној кој си го сакаш и со кој животот ќе ти помине онака како што посакуваш. Вака пее добро познатиот Велешанец, пејачот Александар Темелков во својата најнова хит-песна, со која ја збогатува македонската фолк-сцена. За песната има и видео издание. За во видето, професионалните стилисти мошне убаво го дотераа Аце. Облечен е во црниот вечер костум со пеперушка машна, и има новата атрактивна фрузура. И се супер му стои. Впрочем, “пука“ од среќа. Тој е среќен татко на синчето Мите. И емотивно исполнет сопруг со сопругата Сара.
Пред да се реализира како родител Темелков остави одличен впечаток во балканското шоу “Ѕездите на Гранд“. Таму освен што одлично пееше, тој и навистина правеше екслузивно мега-шоу. Успеа со двете раце високо во воздухот да ја крене на сцената. пред тв-камерите Јелена Карлеуша. Многумина се сомневаа дека тоа го може, со оглед на тоа дека Јеца е скоро двојно повисока од него. Но Александар успеа, а неговиот потег за малку според многумин требаше да влезе во Гинисова книга на рекорди.
Сепак, работите со “Ѕвездите на Гранд“ по некое време тргнаа во многу лоша насока. Темелков сметаше дека жири комисијата неправедно го остави без гласови. Демонстративно го напушти шоуто и потоа во радио-емисијата “Ти реков, ми рече“ ја обвини продукцијата дека му барале мито за да помине во следниот круг. Наводно продукцијата преку своите ментори побарале во неговиот случај 20.000 евра!
– Доживеав голема неправда во ‘Ѕвездите на Гранд’. Морав да кажам што се случи во петтиот круг во ‘Ѕвездите на Гранд’ кога решив самоволно да ја напуштам сцената. Напуштањето беше поради некултурно однесување на некои членови од жирито, па не ми дадоа ниту еден глас. Например, Марија Шерифовиќ безобразно се испонаша.Дури и ме навреди. Пред тоа ми побараа 20.000 евра, доколку сакам да продолжам понатаму, раскажа тогаш Темелков. И никогаш повеќе не настапи во “Ѕвездите на Гранд“.
Овој, интересен и необичен пејач, пред да ја објави новата песна “Бегалка“ имаше уште една песна со многу тажна содржина. Приказната во песната е вистинска. Се работи за песната „Зошто сине ти си замина“ за која Темелков вели дека е напишана по смртта на синот на неговиот менаџер. Трагичниот настан се случил пред 11 години, а песната освен што е посветена на синот на менаџерот, се однесува и на сите останати кои “заминаа“ за секогаша во оној другиот свет, под црната земја, оставајќи ги своите најмили да тагуваат.
Текстот на тажната песна “Зошто сине ти си замина“ е на Стојан Тоше Лазарески, како и на самиот фолк-пејач кој воедно е и автор на музиката. Аранжманот е на Славко Ристески, а во песната на Темелков му свири и познатиот виолинист Џеват Рамаданоски. (Д.М.) фото:ФБ и Јутјуб-архива