Поранешна федерална обвинителка поднесе тужба против администрацијата на Трамп поради отказ

19

Поранешната федерална обвинителка Морин Коми, која ги водеше случаите против Жислен Максвел и музичарот Шон Диди Комбс, поднесе денеска тужба против администрацијата на Доналд Трамп поради отказот што ѝ беше изречен во јули, пренесува „Ројтерс“.

Коми, најстарата ќерка на поранешниот директор на Федералното истражно биро и противник на Трамп, Џејми Коми, наведе во тужбата против Министерството за правда и кабинетот на претседателот на САД дека направила ништо за да предизвика причина за отказ.

Тужените ја отпуштија Морин Коми исклучиво и само затоа што нејзиниот татко е поранешен директор на ФБИ, се наведува во тужбата.

Портпаролот на Министерството за правда одби да го коментира случајот.

Министерството почна да ги отпушта обвинителите кои работеа на случаи кои се однесуваат на Трамп или на неговите политички сојузници, додава „Ројтерс“.

Трамп во текот на својот претседателски мандат го отпушти Коми и го напаѓаше поради улогата во истражувањето на мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 гофина, кога прв пат беше избран за претседател.

Обвинителите, како Морин Коми, не се политички назначени лица и нивните кариери честопати се протегале и во републиканската и во демократската администрација.

Таа бара од судијата да ја врати на функцијата обвинител во канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, каде што работела 10 години.

Коми истакнува дека во текот на целата нејзина работа, постојано добивала одлични оценки од своите претпоставени, вклучително и на 25 април оваа година од главниот обвинител на Менхетен, Џеј Клејтон, кого Трамп го назначи на позицијата.

 

ИЗДВОЕНИ