Американскиот спринтер Марвин Брејси-Вилијамс (31), поранешен светски вицешампион на 100 метри, е суспендиран на 45 месеци поради кршење на антидопинг-правилата.

Истрагата против него е поведена по јавување, соопшти Агенцијата за борба против допингот на САД (УСАДА). Тој освои сребро на Светското првенство во 2022 година, во Јуџин, Орегон, како и сребро со американскиот штафетен тим 4×100 метри.

Неговата суспензија значи дека, веројатно, ќе има промена во рангирањето, а Велика Британија, која заврши трета во тоа време, би можела да се искачи на второто место.

ИЗДВОЕНИ