EPA/GEOFF CADDICK

Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија, Џозеф Паркер, се соочува со суспензија од боксот откако беше позитивен на допинг тестот, на кокаин. Оваа информација ја објавија англиските медиуми, а 33-годишниот Новозеланѓанец бил позитивен на 26 октомври, денот на натпреварот против Фабио Вордли, објавува „Сан“. Тестирањето го спроведе антидопинг организацијата ВАДА еден ден претходно, на 25 октомври.

Би-Би-Си објави дека Џозеф Паркер, бил позитивен на „рекреативна“ дрога, а не на супстанца за подобрување на перформансите. Паркер може да биде суспендиран од натпревари две години, но казната може да се намали на три месеци во зависност од околностите. Британската антидопинг агенција УКАД и Одборот за контрола на боксот на Велика Британија (БББЦ) ќе одлучат за можна суспензија. Сепак, УКАД не го спроведе ова тестирање и ќе мора да започне сопствена истрага.  позитивниот тест.

Боксерот Лиам Камерон беше суспендиран четири години во 2019 година поради присуство на бензилекгонин, метаболит на кокаинот, додека во 2024 година рагби играчот Адам Раслинг доби тримесечна казна за кокаин и МДМА, по промена на правилото.

Поразот на Паркер од Вордли во О2 Арената ја пропушти шансата да се приближи до обединет натпревар за титулата против Александар Усик. Поранешниот светски шампион ја држеше титулата од 2016 до 2018 година, губејќи ја од Британецот Ентони Џошуа во Кардиф.

 

 

ИЗДВОЕНИ