Поранешен член на Европскиот парламент осуден за шпионажа за Кина

14

Поранешниот помошник на пратеникот во Европскиот парламент од крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), Џијанг Гуо, денес беше осуден на четири години и девет месеци затвор за шпионажа за Кина.

Гуо, германски државјанин, е обвинет за доставување доверливи информации за преговорите и одлуките во Европскиот парламент до кинеската разузнавачка служба помеѓу септември 2019 година и април 2024 година, кога беше уапсен, објави АП.

Гуо е обвинет и за шпионажа на кинески дисиденти во Германија и собирање информации за политичарите на AfD.

ИЗДВОЕНИ