Поранешниот лидер на Велшката реформска партија, Нejтан Гил, е осуден на 10 и пол години затвор откако призна дека примил десетици илјади фунти за да дава позитивни изјави за Русија во медиумите и во Европскиот парламент, објавија денес британските медиуми.
Судијата Чема Граб за време на изрекувањето на пресудата рече дека Гил ги добил парите во замена за неправилно извршување на своите јавни должности, објави Скај њуз.
Обвинителите тврдат дека Гил, поранешен член на Европскиот парламент, во најмалку осум наврати бил упатен од поранешниот украински политичар Олег Волошин да дава изјави во замена за пари.












