Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денес, по телефонскиот разговор со својот американски колега Марк Рубио, дека претходните месеци покажале оти американскиот претседател Доналд Трамп сега е „единствената надеж“ за завршување на војната во Украина и враќање на мирот во Централна Европа.
Сијарто оцени дека, и покрај знаците на ескалација на војната во Украина, Трамп сè уште е посветен на мирот.
Тој нагласи дека процесот на постигнување мир меѓу Украина и Русија е „исклучително тежок“ и дека е жално што настаните од последните неколку дена укажуваат на ескалација на конфликтот. Додаде дека многу европски политичари работат против американските мировни напори, пренесува МТИ.