Како резултат на невремето кое во попладневните часови го зафати Градот Скопје, на бројот за итни повици 112 биле пријавени паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и во мал дел оштетување на приватна сопственост (моторни возила, настрешници и др.)
Центарот за управување со кризи информира дека како резултат на невремето кое во вчера попладне го зафати Градот Скопје, на бројот за итни повици 112 имало над 50 пријави во кои беа пријавени паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на моторни возила, настрешници и друга приватна сопственост.
Според пријавите на скопјани, невремето предизвикало паѓање на 31 дрво во повеќе населби низ градот, а граѓаниуте пријавиле и дека има навалени дрвја кои претставуваат опасност за пешаците и возачите. Во повеќе населби заради силниот ветер, паднале и неколку бандери, а имало и случаи на искрење, паднати кабли и опасност од пожар. Последното невреме истакна уште еден проблем со кој се соочуваат жителите на главниот град, а тоа се небезбедните градилишта. Пријавен е и случај на оштетена куќа од паднат покрив од зграда во изградба.
Запалената сува трева во близина на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ предизвика евакуација на учесници и гледачи на ракометен турнир, а деветмина полицајци, кои заедно со пожарникарите учествувале во гаснењето на пожарот, завршиле на Токсикологија откако вдишале чад.