Поради технички зафати: Без струја утре ќе останат делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров

82

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 30.05.2025 година (петок) без електрична енергија ќе останат:

Од 09.00 до 13.00 часот корисниците од ул.„Владимир Полежиновски“ и дел од ул.„Стефан Јакимов -Дедов“ општина Центар.

Од 09.00 до 14.00 часот дел од корисниците од улица „Франце Прешерн“ во општина Карпош.

Од 10.00 до 14.00 часот дел од потрошувачите на ул.„Исаија Маџовски“ и дел од крстопатот „Васил Чакаларов“ во општина Ѓорче Петров.

ИЗДВОЕНИ