Поради технички проблеми, на две избирачки места се гласа без уреди за биометриска идентификација, информираат од ДИК

175

Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани.

Гласањето, според ДИК, досега се одвива непречено, без никакви проблеми, освен на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) каде поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Во Куманово, на избирачкото место број 1133 со 12 запишани гласачи, гласањето продолжило со УВ-спреј и УВ-ламба, откако поради недостаток на електрична енергија од страна на екипи на ЕВН било констатирано дека интервенцијата би траела најмалку час и половина.

Слична одлука е донесена и за избирачкото место 2271 во Штип, каде има 507 гласачи. Таму, и покрај обидот со два резервни уреда и картички, ИТ-лицата не успеале да го стартуваат уредот за биометриска идентификација.

„Тоа значи дека во целата држава од 3 474 места кои се уредно и навремено отворени, гласањето без уред за биометриска идентификација се одвива само на две избирачки места. Тоа се објективни фактори на техниката, незначителен процент. Гласањето во овој момент се одвивеа без никакви плотешкотии и дојави од изборните органи за било какви проблеми во текот на гласањето на овиел места“, рече Кондарко.

Претседателот на ДИК потсети дека минатата година на претседателските и парламентарните избори, слична одлука била донесена за шест избирачки места.

ИЗДВОЕНИ