Ѕвездата на УФЦ, Брајан Ортега, доживеа вистинска драма минатиот месец, во Кина, кога ослабе за да се бори со Алџамејн Стерлинг, на настанот во Шангај. Неговиот обид да ја достигне границата на килограми во перо категоријата заврши со неуспех и со итно хоспитализирање.

Бидејќи УФЦ постапува како регулаторно тело во странство, службените лица можеа да ги игнорираат деталите околу падот на Ортега на вагата, вклучувајќи го и шокантниот факт дека беше во 30-минутна кома.

  • Ова беше првпат во мојата кариера да се онесвестам. Слабеев, паднав во 30-минутна кома, се разбудив во болница и ми рекоа: „Еј, тој е сè уште подготвен да се бори со тебе ако сакаш“. Јас си реков: „Што?“ Се соблеков во итната помош, не можев да зборувам на кинески, но некако сигнализирав: „Еј, извадете ги сите инфузии, сè“. И оттаму се качив на Убер и бев на – раскажа УФЦ-борачот.

Неговата упорност е неоспорна, но одговорноста на неговиот тим и на самата промоција што му дозволија така дехидриран, до точка на кома, да се натпреварува е сомнителна. И покрај сè, тој се појави на мерењето, а подоцна и во кафезот.

Триесет и четиригодишниот Ортега загуби на пет од последните седум борби, но и покрај лошата серија, останува меѓу првите десетмина во перо лесна категорија.

 

ИЗДВОЕНИ