Поради сериозноста на пожарот кај Блаце, во гаснењето вклучен и еден „ер трактор“

769

Во акцијата за гаснење на пожарот што беснее помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево, покрај хеликоптерот augusta-bell AB -212АМ.ite, за прв пат сезонава се вклучи и „ер тракторот“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот, кој зафати мешана шума и ниска вегетација, како што информ ират од Центарот за управување со кризи, се шири на непристапен ридско-планински терен, што значително ја отежнува интервенцијата од земја.

– Дел од пожарот е веќе изгаснат, но останува активен крак кој и понатаму напредува, заканувајќи се да опфати уште поголема површина. Интервенцијата е отежната бидејќи пожарот зафатил голема површина. Се вложуваат максимални напори за да се стави ситуацијата под контрола. Воздушните сили се од клучно значење во тековната фаза на интервенцијата, бидејќи овозможуваат дејствување во зони до кои наземните екипи немаат пристап. Акцијата продолжува со засилен интензитет, а на терен се ангажирани и екипи од Противпожарната единица и Шумската полиција – потенцираат од ЦУК.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не се приближуваат до пожарот и да ги почитуваат сите насоки и предупредувања.

 

ИЗДВОЕНИ