Познатата кукла Кен е повлечена од пазарот во Босна и Херцеговина поради откривање на зголемени концентрации на фталати.
Фталатот е хемикалија која често се користи како омекнувач на пластика, но во прекумерни количини може да биде опасна по здравјето.
Известувањето за повлекување на Кен од пазарот го издаде Агенцијата за надзор на пазарот на Босна и Херцеговина.
Во соопштението се наведува дека предметниот производ е увезен од Кина и се вика „Убавина, мода и прекрасна девојка“.
Баркодот на пакувањето е 6991206109205.
На потрошувачите им се препорачува веднаш да престанат да ја користат или да ја даваат играчката на деца, а исто така можат да го вратат предметот кај увозникот.