Поради одрони блокиран патот Делчево – Македонска Каменица

0

Интензивниот дожд што непрекинато паѓа од синоќа предизвика повеќе одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Според информации од возачи, најголеми наслаги од земја и камења има по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на коловозот е забележано поголемо количество наноси.

Помали одрони се присутни на неколку делници долж трасата, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со потребна дополнителна претпазливост. Патот е влажен, а видливоста намалена, што дополнително ја усложнува состојбата за возачите.

Надлежните служби упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да се движат со прилагодена брзина и зголемено внимание. Екипи се на терен и работат на расчистување и обезбедување на патниот правец.

ИЗДВОЕНИ