Поради обилните дождови, водата од градскиот водовод во Кавадарци е заматена – се препорачува нејзино зовривање пред употреба

0

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци попладнево информира дека водата од градскиот водовод е заматена поради обилните врнежи што ги зафатија изворите Лукар.

Од претпријатието апелираат граѓаните да ја превриваат водата пред употреба.

Од „Комуналец“ додаваат дека состојбата се следи во координација со Центарот за јавно здравје – Кавадарци и јавноста ќе биде навремено информирана кога водоснабдувањето ќе се нормализира.

ИЗДВОЕНИ