четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поради магла на скопскиот аеродром откажани 20 летови до пладне, намалена видливост...

Поради магла на скопскиот аеродром откажани 20 летови до пладне, намалена видливост се очекува и утре

30

Скопската магла продолжува да прави проблеми во авиосообраќајот. Само во периодот од полноќ до 12 часот напладне денеска, авиокомпаниите откажале дури 20 летови, а еден лет бил пренасочен.

Мал зрак надеж се појави по 11 часот кога временските услови дозволија да слетаат авионите од Дортмунд и Виена, а во процедура е и полетувањето за Хамбург.

Сепак, прогнозите од Метео-службата на М-НАВ не се оптимистички – намалена видливост се очекува во преостанатиот дел од денов, но и во текот на утрешниот ден. Ова доаѓа по вчерашниот ден кога до 18 часот беа регистрирани 16 откажани и 11 пренасочени летови.

Од ТАВ Македонија апелираат патниците да ги следат информациите, бидејќи секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за магла.

„За патниците и јавноста повторуваме – Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е отворен, без разлика на временските прилики. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи се подготвени да ги услужат и авионите и патниците“, нагласуваат од ТАВ Македонија.

 

ИЗДВОЕНИ