Европската унија размислува за одложување на предавањето на замрзнатите руски средства на Украина, а причината може да биде – царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Денес еврото се смета за стабилна валута, додека доларот е под секојдневен напад. Сега е време да се покаже дека Европа е најбезбедното засолниште, за разлика од Америка на Трамп“, пишува „Гардијан“.
Се забележува дека Брисел стравува дека конфискацијата на средства може да го оштети угледот на ЕУ како безбедно место за инвестиции.
„Како би изгледало ако Европската Унија привлече повеќе инвестиции со заедничко издавање „стабилни“ обврзници, а во исто време најави конфискација на средствата на инвеститорите“, истакнува британскиот весник.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави на 15 мај дека Берлин и неговите партнери ќе вложат потребни напори за конфискација на замрзнатите руски средства „врз законска основа“.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека замрзнатите руски средства во Европа не можат да се конфискуваат поради недостаток на правна основа. Во исто време, тој истакна дека Европа веќе ги користи приходите од овие средства за поддршка на Киев, објави Спутник.