Буџетската парализа во САД се заканува да предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај, предупредија денеска републикански претставници во Конгресот, предизвикувајќи страв од зголемено отсуство од работа на контролорите на воздушниот сообраќај, како што се приближува големиот американски празник, Денот на благодарноста, на почетокот на ноември, пренесе „Бета“.
По повеќе од три недели застој во Конгресот, републиканците на претседателот Доналд Трамп и деморкатската опозиција се уште не се во состојба да се договорт за усвојување на буџетот и укинувањето на блокадата.
Секоја страна ја обвинува онаа другата за кризата. Демократите го обвинуваат претседавачкото мнозинство дека ја игнорира претстоечката експлозија на трошиците за здравствена заштита за Американците, додека републиканците обвинуваат за неоправдана опструкција на опозицијата.
Според некои проценки, повеќе од 700.000 сојузни работници се на принуден одмор без плата. Околу 700.000 друи се принудени да продолжат да работат, ама без плата, додека да заврши блокадата.
Повеќе од 60.000 контролори на лет и службеници за безбедност на сообраќајот се наоѓаат во таа ситуација. Меѓутоа, наместо да работат без плата неколку недели, некои порадо одат на боледување.
Властите стравуваат од недостиг од персонал кој би можел да доведе до доцнења и откажување летови, како и други дејности за проверка на безбедноста на аеродромите.
„Се приближуваме до сезоната на празници“, забележа републиканскиот претседател на Претставничкиот дом на Конгресот Мајк Џонсон и додаде дека е во полн еи сезоната на американски фудбал.
Обично пет отсто од доцнењето на летовите е резултат на недостиг на персонал, но таа бројка се искачи на над 50 отсто, рече конгресменот на прес-конференција.
Околу 19.000 летови се одложени меѓу саботата и понеделникот, а оваа бројка само ќе се зголемува, додаде Џонсон.
Таа блокада траеше 35 дена, рекорд кој овој пат би можел да биде урнат на 5 ноември.












