Радосната вест за тоа дека е побарана раката на ќерката Александра, со свршенички прстен, од зетот Александар брзо проструи кај сите обожаватели на пејачот а, секако, и кај неговите пријатели, роднини, соседи, но и кај нас, новинарите. Сите им честитаат и воедно посакуваат идната брачна двојка да има што побргу здрави, живи и весели дечиња

 Овие новогодишни и божиќни празници македонскиот Том Џонс, како што нагалено го нарекуваме популарниот поп-пејач Ѓоко Ѓоле Ѓорчев, ќе ги памети цел живот. Има убава причина за тоа. Тој наскоро ќе ја мажи својата ќерка, својата убавица Александра.– Добивме зет, треба да се доживее тоа, а и да се прослави – емотивно порача распеаниот Ѓоле, покажувајќи со раширени раце дека е навистина среќен, пресреќен.

Зетот Александар е од Охрид, по професија е дипломиран историчар, а ќерката Александра е дипломиран педагог. Двајцата се вработени, па може релаксирано да си ја планираат (брачната) иднина.

Убавата вест за тоа дека е побарана раката на ќерката Александра, со свршенички прстен, од зетот Александар брзо проструи кај сите обожаватели на пејачот, а, секако, и кај неговите пријатели, роднини, соседи, но и кај нас, новинарите. Сите им честитаат и воедно посакуваат идната брачна двојка да има што побргу здрави, живи и весели дечиња.– И тоа ќе биде, само здравје, слога, разбирање. Јас едвај чекам да станам, како што велат Далматинците, “ноно, добри мој ноно“, односно среќен дедо на кој оние идни вистински пензионерски денови ќе му бидат исполнети со многу детска смеа – вели Ѓоко за весникот ВЕЧЕР.

Додека прима честитки од сите страни на светот, од сите добри луѓе, популарниот пејач не мирува во врска со прашањето за настапите и за естрадата. Вели дека тој и Катерина Таневa-Ѓорѓиев (некогашната пејачка во „Нели ти реков“) се моментално најбараните изведувачи во Македонија, и тоа за настапи на другарски вечери, на родендени, на прослави, на забави, на седенки… секаде каде што се пее добра песна, каде што има само позитивни вибрации.

– Откога почнавме заедно да настапуваме јас и Кате, а тоа е еден подолг период, дома не се прибравме. Постојано нè бараат да им пееме низ цела Македонија. Тоа само по себе многу зборува за нашиот пејачки квалитет и за публиката што сака да нè слуша мене и Кате во дует, иако имаме на настапите и свои солистички блокови за пеење. Особено ми е мило што публиката ми ја бара и песната што и јас ја сакам – „Не е злато сè што сјае”, инаку премиерно изведена на кумановскиот „Тумба-фест“ – задоволно ни раскажа Ѓорчев.Па токму и од тие причини уште се памети и прераскажува нивниот настап во Битола ,во познатиот „Епинал“. Силни се и спомените од неодамнешниот концерт во Виена, кај нашите Македонци во дијаспората. Публиката подеднакво ги бара(ше) сите песни, но најмногу нивната дуетска – незаборавната „Последен танц“, која веќе се обнароди и која е песна за сите времиња.     Дуле МИЌИЌ/ фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ