Еден од најпопуларните српскo-црногорски пејачи и кантавтори (родум е од Херцег-Нови, а живее во Белград), добро познатиот Владо Георгиев со прекарот Барба, оваа сабота музички ќе другарува со македонската публика, а таа е во голем број. Владо ќе одржи солистички концерт во Хераклеја автентичното историско место покрај Битола.
-Во Битола доаѓам по шест долги години пауза и вистински се радувам! Очекувајте од мене незаборавна двочасовна музичка летна вечер исполнета со емоции, со романтика, со безвременските рефрени, со хитовите: „Andjele“, „Jedina“, „Sve si mi ti“, „Zbogom ljubavi“, „Iskreno“, „Žena bez imena“ и уште многу други, вели пејачот кој е познат и по својата дружељубивост, комуникативност, доброто расположение, карактеристично смеење.
-Затоа, драга Господо ќе ја имам честа и задоволството да настапам на прекрасната сцена во Хераклеја. Тоа е местото кое зрачи со неопислива енергија. Секој пат Хераклеја ја чувствувам како да сум самиот од некое друго историско време. Толку има емоции и убавини.
Битола, секако дека е прекрасен град со прекрасни дружељубиви луѓе. Впрочем, како и целата Македонија. Моите македонски обожаватели секогаш го правеле секој мој концерт да биде магичен, а тоа ќе биде и овој пат. Онака Господски во Хераклеја на 16-ти август, раскажа популарниот Владо, воедно миленик на многу жени во Македонија. (Д.М.)