Популарна хрватска плажа преполна со ешерихија коли: Морето загадено со фекалии, пливањето строго забрането

131

Дубровничко-неретвската жупанија издаде итно предупредување до граѓаните дека пливањето на плажата „Техничка радиона Плоче“ во Плоче не е безбедно поради загадувањето на морето од фекално потекло.

Според Институтот за јавно здравје, резултатите од најновите анализи покажаа дека нивоата на бактеријата Ешерихија коли во морската вода значително ги надминуваат дозволените граници.

Во согласност со прописите, земањето примероци ќе се повторува сè додека не се потврди дека водата е повторно безбедна за пливање. Сите надлежни инспекторати се информирани за инцидентот.

До понатамошно известување, на граѓаните и туристите строго им се препорачува да не пливаат на оваа плажа.

ИЗДВОЕНИ