Популарна дестинација воведува ново правило: За алкохол на улица казните се „солени“

87

Нелегалните пијалоци што туристите ги купуваат или конзумираат на плажите на шпанската Палма де Мајорка можат да предизвикаат многу повеќе од обичен мамурлак, предупредува полицијата во градот.

Мајорка позната е по топлите мориња, крајбрежните прошетки и совршеното набљудување на ѕвездите, Мајорка долго време е популарна дестинација за туристи кои сакаат алкохол и забави. Сепак, полицијата предупредува дека посетителите, кои доаѓаат на островот за сонце и одмор, честопати стануваат жртви на нелегалните улични продавачи на коктели, кои не ги почитуваат хигиенските стандарди – или ги почитуваат минимално.

Локалната полиција на Палма издаде предупредување до туристите и жителите за сериозните здравствени ризици од конзумирањето коктели, како што се мохито или сангрија, купени од нелегални улични продавачи на Плаја де Палма, според соопштението од 21 јули оваа година.

За време на специјалната полициска акција спроведена на 13 јули, уличен продавач бил забележан како сече овошје директно на земјата на паркингот, што тоа е далеку од хигиенски.

Потоа го ставил овошјето во обични пластични кеси, без никакви хигиенски ракавици. Пијалоците наводно биле точени од пластичен сад од пет литри, директно во пластични чаши на лице место.

Оваа практика е прекршок, бидејќи вклучува продажба на алкохол на јавни места без дозвола. Поради ова, продавачот добил пријава, соопшти полицијата. Покрај тоа, овој вид продажба претставува потенцијална опасност за здравјето на клиентите, бидејќи се спроведува без никакви санитарни контроли, кои се задолжителни кога станува збор за прехранбени производи и пијалоци.

Исто така, пиењето алкохол на отворено е забрането во одредени делови на Мајорка, па казните за овој прекршок можат да достигнат и до 1.500 евра.

Сузбивањето на нелегалната улична продажба на алкохол и неговата конзумација на јавни места е дел од поширока акција насочена кон решавање на проблемите со здравјето и безбедноста, но и проблемите со бучавата и антисоцијалното однесување во Палма и другите туристички центри кои се познати по лудите забави.

ИЗДВОЕНИ