петок, февруари 20, 2026
Дома МАГАЗИН Популарен пејач осуден на смрт

Популарен пејач осуден на смрт

286

Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот пејач Амир Хосеин Магсулу (37), познат како Татала, поради богохулење, објавија во неделата локалните ирански медиуми.

„Врховниот суд го прифати приговорот на обвинителот“ на претходната петгодишна затворска казна за кривични дела поврзани со богохулење, објави реформистичкиот весник „Етемад“, пренесе Гардијан.

Беше наведено дека случајот против иранскиот пејач е „повторно отворен“, а тој овојпат е „осуден на смрт поради навреда на пророкот“ Мухамед.

Во извештајот се додава дека пресудата не е правосилна и дека се уште може да се поднесе жалба.

 

ИЗДВОЕНИ