Во ресторанот „Па Џит“ во покраината Након Патом, на околу 30 километри од Бангкок, рибата е во менито, но таа исто така плива во ходниците, удирајќи ги нозете на клиентите под масите, и никој не се жали.

Семејниот ресторан стана сензација откако реката Та Чин се излеа од коритото пред 11 дена, објавува АП. Прво, беше преплавен со риба, а потоа бран воодушевени клиенти со камери. Сега ресторанот е преполн до кров, со околу 60 клиенти кои ручаат во секое време.

Семејствата уживаат во ручек додека децата си играат со рибите што се обвиткуваат околу нивните нозе.

Персоналот во чизми носи чинии со рибја супа и пилешки тестенини од маса до маса, а клиентите позираат или фрлаат храна врз рибите за да ја гледаат возбудливата борба за нивниот оброк.

Ресторанот „Па Џит“ постои повеќе од 30 години, според сопственичката Поркамол Прангпремпре.

Последен пат бил поплавен пред четири години.

  • На почетокот мислев дека нема да има гости, рече таа, а сега вели дека приходите се удвоиле и дека бизнисот оди подобро откако се случи поплавата.

Се очекува Па Џит да биде под вода уште неколку недели бидејќи високите плими и крајот на сезоната на монсуни го одржуваат нивото на водата високо. Кога водата ќе се повлече, сопственичката конечно ќе може да го реонвира, но признава дека ќе ѝ недостигаат рибите и економскиот „бум“ што го носи оваа временска појава.

ИЗДВОЕНИ