среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Попладнево избувна голем пожар во депонијата Дрисла

Попладнево избувна голем пожар во депонијата Дрисла

98

Голем пожар попладнево избувнал во депонијата Дрисла, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Повеќе информации се очекуваат од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Ангелов вели дека пожарот  не е алармантен. Пожарникарите на  Скопје работат на негово гаснење.

Сепак,гаснењето на која било депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови, посочи Ангелов.

Праксата покажува дека многу тешко се гасат вакви пожари и затоа мегу другото тие кои стопанисуваат депонии како што е Дрисла мора да имаат сериозно обезбедување и високи стандади во работењето. Опасно е загадувањето кое се предизвикува и затоа целосната одговорност е на тие кои стопанисуваат со депонијата Дрисла.

ИЗДВОЕНИ