Во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации вечерва во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“.
Добитниците на наградите по категории се:
Ален Рустемовски (бокс) – Спортист на годината. Тој освои 2 место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија
Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) е Спортистка на 2025 година – Светски шампион 1 место, златен медал СП во фитнес и бодибилдинг , Санта Сусана, Шпанија
Андреј Стојановски (пливање) – најуспешен спортист со инвалидитет за освоено 6. место на 400 м. мешано на Олимписки игри за глуви и наглуви лица Токио, Јапонија 2025
Даниелa Алексовска (џиу џицу) – најуспешна Млада спортистка за освоено 1 место, златен медал на ЕП во мешани боречки вештини во Белград, Србија 3 место, бронзен медал на СП во мешани боречки вештини во Тбилиси, Грузија.
Адријан Рустемовски (бокс) – најуспешен Млад спортист за освоено 3. место, бронзен медал на ЕП во Ереван, Ерменија
Најуспешен женски национален тим – Македонската ракометна сениорска репрезентавција – учество на квалификации за ЕП 2026.
Најуспешен машки национален тим – Македонската одбојкарска репрезентација – пласман на 9 место Европска златна лига и пласман на ЕП 2026
Могамед Ибрагимов (борење) е најуспешен Тренер/селектор – 5 место СП во Загреб, Хрватска со Владимир Егоров 15 место СП во Загреб, Хрватска со Могомедгаџи Нуров.
Најуспешна национална спортска федерација е Џудо федерацијата на Македонија – Организација ЕП за кадети Скопје, јуни Организација Европски куп за јуниори Скопје, август Организација Европски куп за сениори Скопје, септември.
Фото: П.Стојановски












