Поп-пејачот Владо Георгиев: Родната куќа е празна без мајка ми Борка

382

Георгиев стави тажен емотикон со солзи. Куќата во Херцег Нови е пуста. Порача дека мајка му била негова поддршка, негова сила, негова критика, негова строга учителка за животот

Познатиот црногорски поп-пејач и многу чест гостин со концерти кај нас, во Македонија, Владо Георгиев (познат и по прекарот Барба), деновиве беше во родната куќа во Херцег Нови, и тоа првпат откако почина мајка му, Борка. Во мислите му дојдоа емотивни зборови, кои ѝ ги упати.

– Замина мојата сила, мојата критика, мојот судија, мојата поддршка, мојата единствена мајка – Борка. Збогум, мајко, нека те чуваат ангелите!                                Ќе паметам сѐ што ми кажа и колку нè сакаше. Иако се претставуваше како строга учителка, беше прекрасна и благородна душа. Збогум, Боки моја! Збогум, мила моја! – се зборовите на расплаканиот Георгиев, кои трогнуваат.

Во таа куќа сега е само неговиот татко вдовец. И тој, како него, тешко се помирува со тагата, со самотијата.
Иако е присутен на естрадната сцена со децении, Георгиев секогаш ја чува својата приватност далеку од очите на публиката и на новинарите. Родителите многу ретко ги покажуваше во медиумите, иако неколку пати можеше да се забележи како седат во првите редови на неговите концерти. Ова лето, Владо, исто така, ќе има концерти, но на нив веќе нема да ја има мајка му, Борка.

– Таа е меѓу ангелите – порачува тажниот Владо.

Длабоко го потресе тоа и испрати многу емотивна порака:

Ова е мое прво лето во Херцег Нови откако ја нема мајка ми. Куќата е празна без мајка. Тоа најдобро го разбираат тие што, како мене, немаат мајка.

Тој стави тажен емотикон со солзи.

Мајка му, Борка, и татко му, Драгољуб, отсекогаш му беа огромна инспирација за работата на музичката сцена. Но, никогаш не сакаше да ги покаже пред новинарите. Во секој случај, има(ше) силна емотивна врска со нив. (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ