понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАГАЗИН Поп-пејачот Адриан Гаџа има харизматична мајка која младешки танцува – Никогаш не...

Поп-пејачот Адриан Гаџа има харизматична мајка која младешки танцува – Никогаш не е доцна!-

94

Дали нешто скоро сте слушнале за поп-пејачот Адриан Гаџа, кој на времето беше многу популарен?! Во право сте што навистина нема ништо ново кај него, на музички план. Но за тоа има дебела причина. Некогашниот заводник и кршач на женските срца, поодамна има свој ресторан и е посветен на угостителството.                              Само повремено пее, има настапи и тоа најчесто во соседна Албанија. Македонската публика, сепак не го заборава. Најмногу поради настапот на Песна на Евровизија во 2008 година во Белград, кога со песната „Let Me Love You“ пееше заедно со Тамара Тодевска и Раде Врчак, како представници на Македонија.

Гаџа, кој се уште одлично физички изгледа, последните неколку месеци повремено споделува моменти со својата мајка Сузана, која рака на срце е впечатливо помлада за своите години. Една од објавите што особено привлече внимание беше кога ѝ подари букет рози, гест што наиде на бројни пофалби од неговите фанови. Но, на прашањето на новинарите дали публиката во Македонија може да очекува наскоро нова песна од него, тој кусо одговори онака секогаш убаво насмеан дека, „никогаш не се знае“.Додека тоа да се случи, Адриан Гаџа  го привлекува вниманието, и со емотивно инспиративна семејни приказни. Во фокусот е повторно неговата мајка Сузана, чија што младешка енергија станаа вистински хит на социјалните мрежи.

Во видео што кружи, Сузана и ако во пристојни години, сепак танцува, и тоа пред ресторанот на својот син. Облечена е како девојче во фустан и патики, и на ова студено време. Нејзината ведрина и свежина предизвикаа лавина позитивни коментари.  – Сузе, фантастична си, на секој од нас му даваш бесконечна волја за живот, напишаа воодушевени фановите на Адриан за неговата харизматична мајка. (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ