Македонската маратонка Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во атлетика, кое ќе се одржи во Токио, од 13 до 21 септември. Таа успеа да обезбеди норма преку системот на светската атлетика и да се пласира меѓу најдобрите 100 атлетичарки во светот. Таа е првата атлетичарка во македонската историја што ќе настапи на три светски првенства во низа, во Орегон, Будимпешта и во Токио, а на две од нив го исполни критериумот за учество. Ова е огромен успех за македонската атлетика и доказ за континуираниот напредок, за посветеноста и за вложувањето во нашите врвни спортисти.