Понудата на Трамп за Путин: Природните ресурси на Алјаска и ретките минерали на Украина во замена за мир?

50
Фото: EPA

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува да му понуди на Владимир Путин пристап до ретки минерали во обид да го убеди да ја заврши војната во Украина, пишува британскиот портал „Телеграф“.

Тој ќе пристигне на долгоочекуваниот состанок со својот руски колега во Анкориџ утре со низа предлози што би можеле да ѝ донесат на Русија значителен профит. Според сознанијата на „Телеграф“, тие вклучуваат отворање на природните ресурси на Алјаска за Москва и укинување на некои американски санкции врз руската авиоиндустрија.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, наводно е меѓу оние што го информираат Трамп пред средбата со Путин. Бесент ги истражува економските концесии што САД би можеле да ги понудат на Русија за да се забрза договорот за прекин на огнот.

Меѓу предлозите е и давање пристап на Путин до минерали од ретки земји на украинските територии што моментално се окупирани од Русија.

-Опсегот на стимулации вклучува можен договор за ретки минерали, рече извор запознаен со предлозите. Во мај, САД и Украина потпишаа договор за ретки минерали, кој овозможува експлоатација на украинските ресурси. Отворањето нови рудници би барало и руска соработка.

Се наведува дека Украина поседува 10 проценти од светските резерви на литиум, кои се неопходни за производство на батерии. Двете најголеми наоѓалишта на литиум се наоѓаат на територии што ги држи Русија, а Путин ги бара овие ресурси.

Дополнителни стимулации вклучуваат укинување на забраната за извоз на делови и опрема потребни за одржување на руските авиони. Западните санкции по почетокот на инвазијата во 2022 година спречија пристап до клучни резервни делови.

Трамп, исто така, разгледува понуда за Русија да ги искористи природните ресурси во Беринговиот теснец, кој ја одделува Алјаска од Русија. Се вели дека областа содржи значителни неоткриени резерви на нафта и гас.

Британски владини извори изјавија дека ваквите стимулации би можеле да бидат прифатливи за Европа доколку не се сметаат за награда за Путин.

ИЗДВОЕНИ