
Британските медиуми немаат дилема дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда за бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Родриго. Истите медиуми додаваат дека менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, веќе дал зелено светло за понудата која нема да биде помала од 70 мил. фунти.