Поништени визите на шест странски државјани поради коментарите за убиството на Кирк

35
EPA/CLEMENS BILAN

Стејт департментот им ги поништи визите на шест странски државјани поради нивните објави на социјалните мрежи за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк.

„Соединетите Американски Држави немаат обврска да бидат домаќини на странци кои посакуваат смрт на Американците. Стејт департментот продолжува да ги идентификува носителите на визи кои го славеа гнасниот атентат на Чарли Кирк“, се вели во соопштението на Стејт департментот на X.

Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк.

Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, пишувајќи „кога фашистите умираат, демократите не се жалат“, се посочи Стејт департментот на Икс.

Кирк беше застрелан на настан на Универзитет во американската сојузна држава Јута на 10 септември. Смртта на истакнатата конзервативна политичка и медиумска фигура имаше големо политичко влијание во САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја обвини „радикалната левичарска“ реторика за нападот, додека според неговите противници, неговите коментари придонеле за национална поделба.

Стејт департментот во септември предупреди дека странските државјани би можеле да се соочат со одземање на визи доколку го оправдаат нападот врз Кирк.

ИЗДВОЕНИ