сабота, февруари 14, 2026
Дома БАЛКАН Поморска несреќа во риечкото пристаниште: Турски товарен брод удри во Титовиот „Галеб“

Поморска несреќа во риечкото пристаниште: Турски товарен брод удри во Титовиот „Галеб“

220
Фото: принтскрин, радио Корзо

Во Риека вечерва се случи поморска несреќа во која товарен брод удри во бродот „Галеб“, пловечката резиденција на Јосип Броз Тито, маршалот на некогашната Социјалистичка Федеративнка Република Југославија, пренесува „Индекс.хр“.

Несреќата се случила додека „Галеб“ кој бил закотвен на бранобранот во Риека, а при маневрирањето во него удрил товарен брод „Дениз Акај“, кој плови под знамето на Бабадос, и требало да исплови од Риека кон Турција.

Капетанот на пристанишната управа на Риека, Дарко Глажар, соопшти дека, според првичните информации,  на турскиот брод најверојатно му откажал погонскиот систем и дека веднаш му било забрането испловување од пристаништето додека не се утврдат сите факти за овој судир.

Исто така според првичните информации, нема повредени, а штетата на двата брода ќе биде дополнително утврдена.

„Галеб„ или Бродот на мирот беше школски брод на Југословенската воена морнарица и резиденцијална јахта која ја користеше претседателот на СФРЈ  Јосип Броз Тито на своите бројни патувања и домаќин на бројни државници и познати личности.

ИЗДВОЕНИ