Со убавото време доаѓаат и разни идеи за едноставни и лесни оброци, а ако се подготвуваат брзо, тогаш ова е нашето ново совршено решение за топлите денови.
Во текот на летото, дефинитивно нема подобар оброк од оној што вклучува тиквички. Оваа храна е исклучително здрава, но и нискокалорична, па затоа е омилена кај многумина.
Дури и ако ја земете предвид нивната цена, нема причина зошто тиквичките не треба да бидат на вашата летна трпеза уште утре.
Без разлика дали се главно јадење или прилог, сигурно ќе ги обожавате. Сега пробајте една од верзиите на помфрит, но со тиквички.
Состојки:
2 тиквички
2 јајца
120 грама брашно
прашок за пециво
50 грама сланина
млад кромид
сол и бибер по вкус
копар по вкус
Подготовка:
Прво исчистете ги тиквичките и исечете ги на стапчиња, онака како што сакате да изгледаат помфритите. Откако ќе додадете сол, оставете ги да отстојат за да ја испуштат водата тиквичките, а потоа исцедете ги.
Изматете ги јајцата одделно и додадете ги во тиквичките.
Додадете ги останатите состојки во оваа смеса, а потоа наредете го секое стапче на плех за печење. Печете во претходно загреана рерна на 220 степени, не подолго од половина час.