Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиар во Филхармонија

14

Вечерва (24 октомври), со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен.

Леонардо Димоски е роден 2004 год. во Битола, Р. Македонија. Во 2023 година започнува со студирање во Виена со проф. Кристина Шуклар, ментор проф. Павел Верников. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари: Лауреат е на меѓународни натпревари, добитник е на специјални, први, втори и трети награди на повеќе натпревари… Редовно настапува и на македонската сцена, вклучувајќи концерти во Прилеп, Битола и Скопје и настапи со Битолскиот Камерен Оркестар и Македонската Филхармонија. Како плод на неговиот интерес во оваа го оформува „Емпати дуо“(дует на експериментални и концептуални импровизации) заедно со Киара Јанко (хармоника) со која што настапуваат на разни локации во Виена, како и во „Музикферајн“.

Шкељзен Бафтиари дипломирал со највисока оценка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов и завршил постдипломски студии со Cum Laude, во класата на светскиот познат пијанист Симон Трпчески со кој се уште има добра соработка. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Оддржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид. Настапувал на неколку фестивали како „Охридско Лето“, „Есенски Музички Свечености“, „Скопско Лето“, „Денови на македонска музика“, „ДАМ“, „Шопен Пијано Фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на албанската сериозна музика“. Настапувал како солист со Лондон Сити Филхармоник, Македонска Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовка Филхармонија и Симфонискиот орестар на Абанската РТВ.

ИЗДВОЕНИ