Полскиот претседател уловен на камера: Дали користеше снус и во на Генералното собрание на ОН во Њујорк?

72
Фото:принтскрин

Полскиот претседател Карол Навроцки беше во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а еден момент ја одбележа неговата посета на Америка.

Снимките од салата на Генералното собрание на ОН го покажуваат Навроцки како добива пакетче од својот асистент, кое го става во уста, пренесува „Кликс“.

Полските медиуми пишуваат дека станува збор за снус, никотинска кесичка што е еден вид „алтернатива“ на цигарите.

Патем, слична ситуација се случила за време на дебатата во врска со претседателските избори во Полска, кои се одржаа претходно оваа година.Потоа Навроцки го покрива лицето со едната рака, а со другата стави неидентификуван предмет во устата, за кој се верува дека е снус.

Политичките противници на полскиот претседател го критикуваа за наводно користење снус во салата на Генералното собрание на ОН.

„Секој што е зависен од тутун може да издржи барем неколку часа, но Навроки не може ниту еден час без оваа супстанца“, напиша Роман Гиртих на мрежата „Икс“.

ИЗДВОЕНИ