вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Полски граѓанин е осуден за планирање на атентат врз Зеленски

Полски граѓанин е осуден за планирање на атентат врз Зеленски

33

Суд во Замошќ, Полска, осуди лице кое работело за руските разузнавачки служби и помогнал во планирањето на можниот атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе „Киев индепендент“.

Тој беше осуден на затворска казна од три години и шест месеци, а веста ја објави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби, Јацек Добжински.

За време на истрагата, собрани се значителен број докази за кривични дела шпионажа и нелегално поседување оружје и муниција.

Окружниот суд во Замошќ го прогласи Павел К. за виновен по горенаведените обвиненија и му изрече единствена затворска казна. Човекот, идентификуван како Павел К., беше уапсен во април 2024 година.

Според истрагата, задачата на 50-годишниот жител на Хрубешов била да собира и да ѝ доставува на руската страна информации за безбедноста на аеродромот Жешов-Јасионка.

„Овие активности, меѓу другото, имале за цел да им помогнат на руските специјални служби во планирањето на можен напад врз животот на странски државник, претседателот на Украина Володимир Зеленски“, рече Добжински.

Полските истражители исто така велат дека осудениот изразил подготвеност да се приклучи на платеничката „Вагнерова група“ и на единица на Главната дирекција за разузнавање на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација.

Полска инаку служи како еден од најважните центри за испорака на западна воена помош на Украина.

ИЗДВОЕНИ