Полските власти веруваат дека руските разузнавачки служби подготвувале серија напади и саботажи на нивна територија, но и во соседните Литванија и Германија, користејќи беспилотни летала и скриени експлозиви, пишува „Јуропијан правда“.
Според информации од извори поврзани со Обвинителството и со Агенцијата за внатрешна безбедност, истражителите добиле клучни докази во текот на истрагата против притворениот агент Владислав Г. Се верува дека тој дејствувал во име на Генералната дирекција за разузнавање на Русија, попозната како ГРУ. Истражителите тврдат дека неговите претпоставени му наредиле да ископа конзерви, означени како конзерви со шеќерна пченка, на локалните гробишта, кои наместо пченка, содржеле експлозив. Потоа требало да ги остави овие предмети на однапред одредена локација во близина на градот Лоѓ. Се проценува дека ГРУ подготвувала терористички напади користејќи ги конзервите, како и дронови. Идентични „конзерви со шеќерна пченка“ биле пронајдени и на гробишта во Литванија.
Владислав Г. е осомничен и за транспорт на компоненти за дронови и на СИМ-картички помеѓу Литванија, Полска и Германија.