„Политико“: Германска компанија ѝ испорачувала воена опрема на Русија преку Словенија

220

Германската технолошка компанија „Контрон“ пронашла законска дупка што ѝ овозможила да продолжи да ги извезува своите производи во Русија дури и по воведувањето на најновиот пакет санкции од Европската Унија поради руската инвазија на Украина, пишува „Политико“.

Според истрагата, помеѓу јули и ноември 2023 година, словенечката подружница на Контрон испратила дури 49 пратки во вредност од над 3,5 милиони евра до руската компанија. Иако европските санкции веќе биле на сила во тоа време, стоката прво била испратена во Казахстан, близок руски сојузник, а потоа пренасочена кон Москва, пишува „Политико“.

Во официјално соопштение, компанијата се бранела тврдејќи дека по усвојувањето на 11-тиот пакет санкции во јуни 2023 година, престанала да извезува нови производи и дека сите испораки се извршени исклучиво според постојните дозволи и во согласност со важечките прописи на ЕУ.

Според откритието на „Политикo“, испратената технологија вклучува производи со двојна намена, поточно системот SI3000 што овозможува надзор и пресретнување на комуникациите.

Иако ниту Европската комисија ниту Германската царинска управа сè уште не започнале формална истрага за Контрон, случајот уште еднаш открива како Кремљ користи посреднички канали и сојузнички земји за да добие клучна технологија и покрај меѓународните ограничувања, со што продолжува со својата брутална агресија против Украина што трае веќе три години, објавува Политика.

Иако „Контрон“ во претходните години објави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ја осуди руската инвазија, нејзините операции во Русија не се целосно запрени. Компанијата сè уште работи преку својата подружница Искра Технолоџис, која е под санкции на ЕУ од декември 2024 година, што доведе до намалување на бројот на вработени од 600 на 240.

Според „Политико“, компанијата „Контрон“ сè уште поседува 48,4 проценти од акциите во компанијата, преку својата словенечка подружница „Контрон д.о.о. Искра Технолоџис“ одигра клучна улога во планот на Путин за намалување на зависноста од западните добавувачи, дејствувајќи како посредник за испраќање технолошка опрема во Русија. Интересно е што компанијата ја доби руската награда за технолошка независност во телекомуникацискиот сектор во јуни, а следниот месец инвестираше 500.000 долари во проширување на производството на рутери за „Ростелеком“, водечкиот државен оператор.

Германските политичари исто така остро реагираа. Член на Зелените, Константин фон Ноц, повика на темелна истрага и санкции против сите европски компании кои продолжуваат да соработуваат со Русија преку кружни патишта. Неговиот колега од ЦДУ, Родерих Кизеветер, истакна дека губењето на пристапот до западната технологија е еден од најтешките удари врз руската воена индустрија.

ИЗДВОЕНИ