Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се заблагодари на Венецуела за започнувањето на процесот на ослободување на политичките затвореници, додавајќи дека тие затвореници имале среќа што се појавиле САД.
„Венецуела го започна процесот на ослободување на политичките затвореници на величествен начин. Ви благодарам. Се надевам дека тие затвореници ќе се сетат колку имале среќа што САД се појавиле и го направиле она што морало да се направи. Се надевам дека никогаш нема да го заборават тоа. Ако го сторат тоа, тоа нема да биде добро за нив“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп претходно изјави дека ги „сака“ луѓето од Венецуела и дека веќе „ја прави таа земја богата и безбедна“.












