Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа. Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк.
Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин во кој упати остра порака дека „градот што го роди Доналд Трамп сега ни покажува како да го победиме“. „Сонцето можеби зајде во нашиот град вечерва, но како што еднаш рече Јуџин Дебс, „Ја гледам зората на подобар ден за човештвото“, им рече Мамдани на насобраните, додавајќи дека „иднината сега е во рацете на обичните луѓе“.
Демократот Зохран Мамдани, се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк.
Мамдани е првиот муслиман, првиот јужноазиец и најмладиот човек во последните 100 години избран за градоначалник на Њујорк. Според Изборниот одбор на градот Њујорк, на овогодинешните избори гласале повеќе од два милиони луѓе. Пред четири години, излегле помалку од 1,15 милиони гласачи.
Mamdani: So Donald Trump, since I know you're watching, I have four words for you: Turn the volume up. pic.twitter.com/HE2Pr7EFgh
— Acyn (@Acyn) November 5, 2025
Првата реакција на демократите дојде на социјалните мрежи додека гласовите сè уште се пребројуваа. Мамдани објави видео од воз кој застанува во метрото, со следново во позадина: „Следната и последна станица е: Градско собрание“.
— Zohran Kwame Mamdani (@ZohranKMamdani) November 5, 2025
„Срушивме политичка династија. Му посакувам на Ендру Куомо се најдобро во неговиот личен живот, но нека вечерва биде последен пат кога ќе го изговорам неговото име додека ја свртуваме страницата на политиката што ги напушта многумина и им служи само на малкумина“, рече Мамдани, додека публиката го прекина со аплауз.












