сабота, февруари 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полициски службеници од СВР Струга привеле две лица кои предизвикале пожар на...

Полициски службеници од СВР Струга привеле две лица кои предизвикале пожар на градската депонија

155

Полициски службеници синоќа лишиле две лица од Струга и Прилеп откако биле затекнати на депонијата како предизвикале пожар.

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар.

Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ИЗДВОЕНИ