четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полициски службеници од СВР Скопје уапсиле криминалци кои краделе во објектите на...

Полициски службеници од СВР Скопје уапсиле криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

127

Во кругот на поранешна фабрика Железара, вчера во 1:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско.

Како што информира МВР, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените.

Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со нив и во содејство со јавен обвинител е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

ИЗДВОЕНИ