На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција, кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција.
А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
ИЗДВОЕНИ

Од 1 јануари пониски трошоци за струја, се намалува надоместокот за дистрибуција

За малку повторно хаос – падна Cloudflare, половина од интернетот „исклучен“

Снежните врнежи зимава подпросечни – не ветува прогнозата на меторолошките сервиси

Собранието обоено во портокалово: 16 дена активизам против родово базирано насилство







